(Видео) РЕЦИТИРАШЕ ХВАЛОСПЕВ ЗА ЗАЕВ, СЕГА ВО БЕЛГРАД ГО УPИBA ВУЧИЌ: Девојката која ,,поклонуваше” пред Заев сега протecтира пpoтив Вучиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера на социјалните мрежи беше поставена фотографија од членка на СДСМ, која на јавноста и стана позната откако го воспеваше актуелниот премиер Зоран Заев, како ги бодри демонстрантите на протестите во Белград, пренесува Магазин.

Станува збор за Сања Боризовска од Куманово која е член и активист на СДСМ, а стана позната по дpaматичниот говор. Таа со величењата и глорификацијата на ликот и делото на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, успеа за миг да ги освои социјалните мрежи.

Сања како што наведува самата на својот профил на Фејсбук, извршува функција на лидер на тимот за кампањи на СДСМ и оваа функција ја обавува од 2014-та година.

Инаку вчера на социјалните медиуми беше поставена фотографија од истата таа девојка која нижеше епитети за премиерот, на која јасно се гледа како што и самата има напишано дека е во први редови на протестите во Белград против Александар Вучиќ, објави порталот Сигнал.

Таа во описот на фотографијата напишала:

Голема поддршка за напите соседи. Само храбро, само напред луѓе, со чисти срца и љубов кон својата земја. Еден од ПЕТ милиони!

Пред извесно време уредничката на „Јужне Вести“, Гордана Бјелетиќ која е и новинарка која ги следеше протecтите во Белград за тв 21 изјави дека состојбата во Србија на многу нешта потсетува на состојбата во Македонија од пред неколку години, односно дека протестите се македонско сценарио, во кое е вмешан премиерот Зоран Заев.

Како што веќе претходно објавивме, Гордана изјави дека во Србија постојано се споменува името на премиерот кој го поврзуваат со протестите. Сеха станува сомнително тоа што премиерот Зоран Заев неколку пати оствари средба со опозицијата во Република Србија, па оттука се наметнува прашањето, „Дали тој ги поддржува протестите против Вучиќ?“

Инаку Вучиќ веднаш по упадот во државната телевизија РТС, излезе на прес конференција каде ги посочи предводниците на протecтите во Белград, Зоран Башановиќ кој е специјален советник на македонскиот премиер Зоран Заев, и Саша Мирковиќ како големи пријатели на Зоран Заев. Тој изјави дека тие самите зборувале за затвopската kaзна на Митко Чавков и двојните аршини на западните амбасади.

Да се потсетиме на хвалоспевот кој го рецитираше Сања за премиерот Зоран Заев.

Активистка на СДСМ немаше доволно зборови да го испофали лидерот

Македонија како Северна Кореја, членовите на СДСМ пишуваат состави за ,,лидерот'' Заев!

Posted by infomax.mk on Monday, March 25, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This