April 26, 2024, 11:50 pm

(Видео) Рикep до BMPO-ДПМHE: Договорот од Преспа е завpшeна работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, во интервју за 360 на Алсат на маргините на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“ во Охрид истакна дека има уште многу да се направи, дека луѓето сакаат дополнителни реформи и развој, но и дека споредено со периодот кога ја заврши амбасадорката мисија во земјава во 2011 г, има голем напредок. Тука, пред се, мисли на зачленувањето во НАТО. За односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Договорот од Преспа, Рикер вели – Договорот е завршена работа

-Договорот од Преспа е завршена работа и ние овде, многумина од меѓународната заедница, дојдовме во Охрид за да ја прославиме и истакнеме важноста на Преспа и што претставува тоа. Направи значајни разлика, не само со тоа што отстрани препреки на патот, туку што овозможи да се зголеми соработката во регионот, придонесе за енергетска сигурност, за трговија, за инвестиции. Ова е уште едно долго поглавје, но со големи можности. Само погледнете ги одличните односи меѓу С Македонија и Грција кои се развија во сите сфери, од одбраната и безбедноста, како сојузници, до економските можности. Тоа ќе станува уште поважно како излегуваме од ковид, фокусирајќи се на економското закрепнување, фокусирајќи се на ланците на снабдување, на отпорноста. Тоа е иднината. Да се напредува и да не се гледа назад. Да се работи заедно. Не станува збор за партиски позиции и идеологии туку придвижување на земјата напред заедно, вели Рикер.

Видеото можете да го погледнете и тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This