(Видео) Ристов: Coздaвaме нoва иднинa – Радовиш ќе добие нoв peкрeaтивен, спopтски зaбaвен пapк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од ова место го најавуваме нашиот нов проект за изградба на рекреативно, спортски, културен и забавен парк.

Проблем со кој што со години радовишани ги мачи, затоа што нема каде да си ги остварат своите потреби од спорт, рекреација, култура, дружење.

Овој проблем во последниве 20 дена беше добро анализиран и ние решивме да го претвориме во проект.

Проектот ќе биде капитален, ќе подразбира пред се урбанизација на целото подрачје од крајот на мостот до Канлиевата воденица. Ќе се створи една нова урбана населба во која што граѓаните ќе најдат ново место за живеење. И тоа место за живеење е со сите атрибути на современото живеење. А, тоа значи изградени улици покрај кејот на реката Радовишка река до Канлиевата воденица. Две улици со пешачки патеки, со велосипедски патеки.

Овој објект ќе биде од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот во Радовиш. Да, тој ќе биде капитален објект за тоа што ќе подразбира пред се зафаќање на водите на Радовишката река кои што води после ќе бидат урбанизирани, ќе бидат канализирани во една река која што секој ден ќе го украсува течението на Радовишката река.

После зафаќањето на водите ќе почне урбанизацијата, уредувањето на речното корито. Работите мораат да имаат логика, работите мора да бидат инженерски поставени.

Ние сме спремни тоа да го направиме, јас сум решен во својот мандат тоа да го решам и Радовиш конечно засекогаш да добие урбано место каде што ќе се забавуваат луѓето и каде што квалитетот на животот нема да го бараат на друго место, туку ќе го бараат во Радовиш.

Радовиш ќе биде горд на својот парк, за тоа што тој ќе биде најсовремен во целиот регион на Источна Македонија.

Се надевам дека и вие сте на истото мислење и дека ќе дадете поддршка ова да го реализираме.

Немојте да мислите дека ова се луѓе кои што не знаат да го направат. Ова не е научна фантастика, ова е реалниот свет.

Луѓето мора да се движат напред, да го заборават минатото во кое што се вртевме сите во место. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This