ВИДЕО: Роналдо блесна и ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Репрезентација на Португалија е првиот финалист на завршниот турнир на Лига А на Лигата на нации.

Вечерва на „Драгао“, домашната репрезентација со 3-1 (1-0) и три гола на Кристијано Роналдо ја совлада Швајцарија.

Гостите одиграа храбро во првите 20 минути, но еден индивидуален потег на капитенот на Португалците го отвори мечот. Судијата Феликс Брих ја прекина играта и додели слободен удар, по кој голгетерот на Јувентус испрати неодбранлив удар и погоди за 1-0.

Одлична шанса да возврати пред паузата имаше Харис Сеферовиќ. Тој доби топка во шеснаесетникот на противникот, но биеше само во пречката од голот на Руи Патрисио.

Големи возбудувања донесе почетокот на вториот дел. Главната улога ја одигра ВАР-технологијата која најпрво поништи удар од белата точка за португалската селекција, а потоа додели најстрога казна на спротивната страна. Рикардо Родригез ја искористи шансата и го израмни резултат.

Моментот на одлука пристигна во завршницата кога Роналдо постигна два брзи гола, за да го комплетира хет-трикот, и да ја однесе својата селекција на чекор од Европското првенство.

Учесници во второто полуфинале се Англија и Холандија.

Гостите одиграа храбро во првите 20 минути, но еден индивиду

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This