(Видео) РОСАНА СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА АНТОНИА ГИГОВСКА: Подобра е од многу пејачи кои со години се на сцена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе докажаната пејачка Росана Сариќ Тодоровска, која со својата сестра Маријана го отпеаа прочуениот хит „Признавам“, некако се повлече од музичката сцена. Но, и покрај тоа таа се уште ги следи најновите случувања, а богами и новите ѕвезди.

Овој пат таа не ги штедеше пофалните зборови за младата Антониа Гиговска, на една објава на Фејсбук го напиша следниот коментар:

„Јас сум реална и искрена… оддамна во Македонија се нема појавено ваков вокал… Антониа е подобра од многу други пејачи кои се веќе со години и со искуство… но, за да се искористи овој волшебен глас и стас што го има нашата Антониа мора да гради надвор од нашите граници… она мора да направи кариера затоа што со таков вокал уф… кој не би ја посакал… од композитори… менаџери… само напред лепотице… само напред“.

Инаку, со голем аплауз и овации, како од жирито, така и од публиката, беше поздравен и овој последен настап на македонската пејачка Антониа Гиговска во „Пинкови ѕвездички“. Младата скопјанка го помина и овој круг од музичкото натпреварување, а пофалбите и донесоа и солзи на очите.

Гиговска овојпат ја пееше „Writing’s on the wall“, песната која ја испеа Сем Смит за последниот Бонд филм.

Своите црвени столчиња веднаш ги подигнаа Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, а набрзо тоа го направија и Леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац. Тие за време на целиот настап извикуваа пофални зборови на сметка на Антониа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This