Сите земји членки на Договорот за отворено небо можат да побараат дозвола за набљудувачки летови преку кој било дел на територијата, што значи дека можат практично да летаат каде и да сакаат, изјавил за весникот „Политико“ претставник на Пентагон, кој сакал да остане анонимен, по повод пишувањето на медиумите дека руски авиони прелетале над „срцето“ на американската администрација
„Процедурата е таква што руските набљудувачи доставуваат список со локации кои сакаат да ги прелетаат, а потоа се издава неопходната дозвола. Потоа се составува план на летање поради безбедносни и временски услови, но генерално сите тие летови се одобруваат“, рекол тој.
Претставникот на Пентагон исто така рекол дека граѓаните на Америка не треба да се загрижуваат и дека сите тие летови детално се контролираат, додека авионот секогаш има по еден претстаник на САД.
„Тие мисии се рутинска работа“, додал тој.
Претходно американската телевизија Си-Ен-Ен соопшти дека руски воен авион прелетал над Капитол Хил, Пентагон, Белата куќа, како и над други важни административни згради.
https://www.youtube.com/watch?v=ttBVY4DqF28