(Видео) РУСКОВСКА СЕ ПОЗНАВАЛА СО МАЈКАТА НА БОКИ 13: Тврди не му пренесувала на Боки 13 никакви информации од истpaги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска е задоволна од почетокот на судењето за случајот, но вели дека очекувала признание на вина од повеќе обвинети, а не само од обвинетиот Зоран Милевски Кичеец.

Таа пред новинарите го кажа дел од воведниот говор од судницата. За тврдењето на Бојан Јовановски дека со поранешнатра специјална јавна обвинителка, Катица Јанева седел во ресторани исто колку и со обвинителката Вилма Русковска. „Јас се познавам со неговата мајка, ние сме генерација, се познаваме од прво одделение. Јас лично Јовановски го запознав кога бев прв пат на гостување во 1 ТВ. Во ресторан сум била со него само на прославата на телевизијата“, рече Русковска.
 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2602825276460666/

 

Живеев за денот кога ќе можам да ја дадам својата одбрана во еден монтиран случај против мене. Не му е прв пат на обвинителот во овој случај да дава етикети. Срамно е таква реторика да биде користен во еден ваков случај. Пет месеци има јавен линч, изјави Бојан Јовановски на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој тој е првообвинет, пишува Слободен Печат.

– Јас бев формално правно прокурист во 1ТВ. Моето име беше сатанизирано. Притворот кој го издржувам ми ја влоши здравствената состојба од операциите во болницата каде што е сопственик сведокот во овој случај Јордан Камчев – рече Јовановски, кој нагласи дека и денеска во воведните зборови на обвинителот имало „тресење од гаќи“.

Јовановски рече дека бедна конструкција на овој предмет било тоа што синот на Јанева работел во 1ТВ.

– Колку сум седел во ресторан со второобвинетата, толку сум седел и со обвинителката – рече Јовановски.

Тој ја повика амбасадата на САД и други стручни правни организации да го пратат овој случај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This