(ВИДЕО) РAБOТА ОД СOНИШТAТА: Дoбивaтe плaтa за да cпиeтe на рaбoтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скоро секој вработен низ целиот свет ги прави овие основни пoплaки за работата што ја работи – тој не е доволно платен, работи премногу нaпopнo, работи за тројца и постојано е нeнacпaн поради работата.

Еден индиски стартап ќе ги сврти овие пoплaки во своја корист, па одлучи да понуди плата за спиење. Да добро прочитавте, компанијата нуди плата за вработените добро да се наспијат на „работа”.

„Wakefit” е стартап компанија која изработува квалитетни душеци за спиење, кои на луѓето им овозможуваат здрав сон и одмор. Оваа компанија бара работници да спијат на работа осум часа, 100 дена по ред. Оваа „нaпopнa“ работа ќе биде платена околу 1.350 евра. Најдоброто е што сето тоа се одвива дома, без притоа да мора да се патува до работа.

Според пропозициите, идеални кандидати се оние „кои се чувствуваат удобно во околина што воопшто не е напната и можат да осмислат и предложат стратегии што ќе ги натераат нив и остатокот од нивниот тим да спијат колку што е можно подлабоко и да спијат што е можно подолго“. Ако успеат да докажат љубов за удобна дремка, мирно опкружување, попладневен одмор и општа љубов за топол дом, овие карактеристики ќе бидат особено ценети.

Основниот услов за добро работење на оваа работа е скоро фанатична желба и способност да заспиете во секое време, на кое било место. Од личноста се очекува уште едно: Да сака да поминува што повеќе време во своите пижами. Еден од условите што мора да бидат исполнети: нема претерување со телевизија и серии, компјутер не е дозволен за време на работата. Предност им се дава на луѓето кои вешто можат да ги игнорираат сите видови на пораки и известувања на својот паметен телефон.

Оние кои ‘рчат се исклучени! Целата приказна за овој бизнис навистина се сведува на гледање на моделите на спиење на новата линија на душеци направени од овој стартап. Не само што ќе се надгледува сонот, неговата длабочина и квалитетот пред и откако ќе испробаат нов производ (нов душек), исто така компанијата ќе понуди советување за оние кои имаат пpoблeми со спиењето.

„Wakefit” е компанија која веќе се прослави во Индија, па и низ целиот свет, предлагајќи во канцелариите да се воведат простории за краток попладневен одмор, краток сон после ручекот, затоа што со истражувањето кое тие го спровеле откриле дека 86 проценти од Индијците веруваат дека доколку имаат можност за краток сон после одморот, потоа ќе бидат многу попродуктивни на работното место.

Дел од индиските компании веќе размислуваат за оваа иновација на работното место! Дали македонските компании ќе го следат овој пример и ќе воведат простории за краток одмор за своите вработени останува времето да покаже.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This