April 26, 2024, 11:15 pm

(Видео) Сведоштво за Инфомакс: Со денови им мириса на плин во домот, надлежните не можат да најдат начин да го решат проблемот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните коишто живеат на улица „Петар Манџуков“ во Бутел со денови пријавуваат чудна миризба којашто доаѓа од водоводната мрежа, мирис на плин. Проблемот неколку пати е пријавен до надлежните институции.

Елена, жителка на улицата го пријавила проблемот кај надлежните откако нејзината ќерка два дена (понеделник и вторник) повраќала, но по деталните прегледи не утврдиле никаков проблем, па констатирале дека се работи за стрес и проблем со прилагодувањето, бидејќи девојчето штотуку тргнало во прво одделение. Веќе следниот ден во средата околу 16:20, кога се вратиле дома почувствувале силен мирис на плин. Ги отвориле вратите, мислејќи дека девојчето можеби играло со ацетон, но мирисот исчезнал ни по еден час проветрување. Необични симптоми имала и Елена, која чувствувала печења на очите, главоболка и нагон за повраќање. Елена, која е медицинско лице смета деа симптомите кои таа и черка и ги имаат се од труење.

Во разговор со соседите Елена дознала дека и кај нив се јавува истиот проблем, но само на горниот спрат од куќата.

Се јавиле во пожарна, од каде им рекле дека не се надлежни и дека не можат да направат ништо. Потоа помош побарале на на 195, бројот на Центар за управување со кризи. Од таму им рекле дека ќе направат се што можат.
После 20тина минути дошле полицајци од полициска станица во Бутел. Дојдоа влегоа внатре видоа дека мириса, излегоа надвор бидејќи миризбата беше прејака, се јавија кај шефот и чекаа да им кажат што да прават.

„Влеговме ние внатре пошто со мало дете ладно беше а стоиме надвор, затворена беше вратата. После половина час дојдоа со изјава да ја потпишам дека е пријавен настанот и толку, ние не можеме ништо да на правиме“, вели Елена за Инфомакс.

Таа повторно се јавила на 195, од каде ја информирале дека до водовод, од каде им рекле дека немале дежурни служби за такво нешто и дека не може да излезат на терен. Елена нагласила дека е со мало дете, дека нема каде да оди, по што човекот рекол дека ќе види на кого може да се јави кој може да викне за некој да дојде.

„Помина пола саат, саат, се јавив на водовод. Додека се јавив, они меѓу себе де бе којзнае што мириса, нема сеа да искачаме на терен, ги слушав на телефон додека зборував. И викам извинете, настанот е пријавен во полиција, ве молам дојдете, констатирано е дека има мирис, не сум само јас, мириса и кај комшии, имате пријава, записник, полиција, јавете се видете, дојдете“, раскажува понатаму Елена.

Во исто време дошла екипа од Водовод и од ЦУК

„Влеговме внатре, само што влеговме внатре, не ни успеаја да стигнат до кујна, коментарот беше ау овде многу смрди на плин.Од каде мириса?“, раскажува Таа.

Ги однела до кујната од каде што најмногу се ширел мирисот. Само што помирисале, човекот од ЦУК рекол дека мора да се евакуираат. Почнале да викаат да се ислкучи бојлер, сијалица, па да не се исклучува може да направи искра, настана паника, пред детето.

Потоа ја советувале да остави се, само бојлерот од кујната исклучи го од струја.

„Излеговме надвор, голготата траеше два три саат додека тој дечкото од Водовод си седеше на топло во запалена кола“, вели Елена.

Потоа се јавиле на надлежниот на Водовод за овој дел од Бутел. Додека го чекале него, отишле до бензинска пумпа, Макпетрол веднаш позади куќата, каде има и плинара. Рекле дека не е од таму, имаат сензори дека е проверено и не е од кај нив истечено. Во истиот моменнт дошол надлежниот за овој дел од водовод. Отишле и тие до Макпетрол да ги проверат шахтите.

Во меѓувреме Елена со детето чела кај соседите. И се јавиле да излезе да им ја покаже шахтата. Во мометот кога ја отвориле шахтата што ни е водоводната искочи огромно испарување.

Во меѓувреме, кај нив дома чешмите се цело време пуштени, бидејќи само така ја нема миризбата. Кога ќе ги исклучат чешмите миризбата се враќа.

Човекот од ЦУК им рекол на вработените во Вододов да повикаат екипа за да се испере шахтата, бидејќи може да има плинска боца.

Надлежниот од Водовод одговорил дека долку има плинска боца шахтата ќе биде запушена, а бидејќи не е запушена, тие нема што да прават тука и си заминале, а Елена ја посоветувале да се врати дома.

Елена, која е медицинско лице смета деа симптомите кои таа и черка и ги имаат се од труење.

Проблемот сѐ уште не е решен. Мирисот се чувствува и кај соседите кои се на истата водоводна цевка. Елена се обиделе да ги затнат чешмите и со сунгери за да не протекува мирисот, но не помогнало.

Вчера дошле и пожарни инспектори на Град Скопје, кои ја провериле шахтата и откако констатирале дека не мириса од таму и дека мирисот не е од Макпетрол, тргнале да си одат. Им рекле дека, бидејќи не се последни во водоводната мреже, не се во никаква опасност.

Повторно дошла полиција, констатирале дека мириса и тие си заминале. Дошле и инспектори од Град Скопје, кои не влегле во куќата, бидејќи, како што изјавиле, не се надлежни за внатре, туку само за надвор.

Вечерта и се јавиле од општина, дека ги контактирале од ЦУК за да ги евакуираат во Домот за деца без родители, кошто е празен и веројатно нема ниту греење. Елена одбила, бидејќи и било страв да престојува таму сама со детето. Ноќта ја поминале кај соседите, но и таму имало мирис.
Од ЦУК ги имформирале дека треба до ги посети некој експерт, единствен во Македонија, но дури следниот ден.
Експертот, денес, кога е снимен прилогот, сѐ уште не дошол.

Елена е исплашена, бидејќи никој од надлежните, иако се појавиле и направиле увид и потврдиле дека има мирис, не понудил решение за проблемот, а истекувањето продолжува, и таа се плаши за последиците по здравјето, но и стравува од несреќа поради плинот.

Со оглед на тоа дека е петок, а експертот сѐ уште не пристигнал, Елена ќе бара место да го помине викендот. бидејќи не сака да ризикува да им се влоши здрајето, па дури тогаш да се бара решение

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This