April 19, 2024, 12:49 pm

(Видео) СДСМ и Царовска создaдоа хаос во образованието, неуспешната онлајн настава и ckандалозниот концепт за основното образование

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо МОН да претставува извор на вистинити податоци, ние сме сведоци дека тоа претставува институција која ревносно се труди да ги сокрие недостатоците. Од самиот почеток до денес. Преку националната платформа која ја презентираа како успешна, до бројот на ученици кои не следат онлајн настава, па до бројот на средношколци кои деновиве бојкотираат, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден нерешен проблем раѓа 100 нови, и свесни сме дека денешните актуелни случувања се само резултат на низа ваши неуспешни политики во образованието. Не видовме никаква одговорност за неуспешната онлајн настава, учениците кои немаат услови за следење на истата се оставени сами на себе, и за ова нема ниту помош од државата ниту одговорност. Скандалозната концепција за основно образование се уште се обидуваат да ја протуркаат на сила. Но, по се изгледа дека желбата за фотографирање е поголема од се, па денешното поставување на заштитни проѕирни паравани треба да го проследиме како успех од невидени размери во образованието. Истражувањата кои ги спроведуваат младинските образовни организации покажуваат големо незадоволство од начинот на кои се одвива наставата оваа година, па согласно тоа и барањата на Сојузот на средношколци се логични, издржани и аргументирани. Ученици, имате наша поддршка. Вие не заборавате дека министерката Царовска ви вети скратени програми за полагање матурски испит. Но, за волја на вистината од испитната програма предмети со скратени програми скоро и да нема. Од една страна декларира потреба од реформи за стекнување знаења на европско ниво, а всушност одобрува полагање на матура со ниско ниво на знаења, истакна Митева.

Прашајте ги дали ова е нивното зборот е збор? И запрашајте се вие, можат ли уште полошо? Додаде таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This