(Видео) Се било една голема лaгa за Клиничкиот Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите овие 4 години, се било една голема лага за градбата на Клиничкиот Центар, а никој не им брани уште утре да почнат со градба, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, кој ја разјасни целата ситуацијата зошто најавениот Клинички Центар од страна на власта не се гради.

-Не се гради Клинички центар, иако постојано велеа дека ќе го градат во Ѓорче Петров. Пуштија посебен Закон до Собранието за негова градба, но еве да ги исвестам граѓаните, бидејќи имаше и спотови за тоа, дека не се гради Клинички центар. Но што е суштината? После 4 години конечно признаа со овој Закон дека немаат ни проектна документација, не постои. Значи 4 години не направиле ништо. Многу пати во минатото го кажував ова дека нема да го направат и еве во 4-те години не го направија, истакна Мисајловски и додаде:

„Го навлекуваат и министерот за транспорт да повикува на опозицијата да се одблокирал новиот Закон за Клинички, па и еден куп градоначалници и пратеници да не се блокирал Законот. Прво, оние треба да сфатат, сите овие луѓе дека они се носители на Законите. Моментално ако имаат проектна документација никој не им брани да почнат со работа, ако имаа пред 3 години готов проект можеа да го распишат и сега ако имаат готов проект они може да почнат да работат, но изгледа дека многу излажале“.

Со овој посебен Закон, потенцира Мисајловски, сакаат еден вид на „клуч на рака“ да направат, некој со конкурентен дијалог да преговара со две-три компании, потоа да се стигне една огромна сума, тој да испроектира, тој да почне да гради, сите фази да ги направи…

-Еве и хипотетички да почне, тоа многу години од сега би се завршило. И да, они сакаа да се уклучи опозицијата, но изгледа сакаа, но молеа да не се уклучи да си тераат сами, поради тоа што сакаат изгледа многу пари и овие многу средства да си ги поделат меѓу себе или со свои подизведувачи да си работат. Да не повикуваат дека некој кочи, сега согласно сите закони имаат можност уште утре да почнат со градба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This