(Видео) СЕ ПОФАЛИ СО НОВИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ: Вучиќ на промоција на новите руски хеликоптери во Белград

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српската apмија денеска претстави нови хеликоптери купени во Русија, а српскиот претседател Александар Вучиќ кој присуствуваше на церемонијата на вoeниот аеродром во Батајница кај Белград, нагласи дека со набавката „значително се зголемени перформансите и можностите на ВС“.

Вучиќ рече дека новите хеликоптери Ми-35, Х145М и Ми-17 се набавени затоа што „значително е подобрена состојбата“ во државниот буџет и дека се набавени „со значителен попуст и олеснувања“ што руската страна и ги даде на Србија.

Вучиќ рече дека станува збор за најсовремени европски и руски хеликоптери и истакна дека тие летала ќе служат како чувари на Србија.

Русија ги испорача хеликоптерите неколку месеци пред истекот на рокот, а беа донесени во Белград со карго-авион на руската apмија два дена пред средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи на 4 декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This