(Видео) Се cpyши училиште во Белгија, зaгинaa пет лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на градежните работи, а во несреќата загинаа пет лица, а девет беа повредени, соопштија денеска локалните власти.

По уривањето на зградата, пожарникарите и полицијата излегоа на лице место со специјално обучени кучиња, кои трагаа по преживеаните и ги извлекоа од урнатините, пренесува АП.

Од деветте повредени, тројца се на интензивна нега, петмина се хоспитализирани, а едно лице по прегледот е пуштено дома, соопшти противпожарната единица.

Денес на местото на несреќата пристигнаа белгискиот крал Филип и премиерот на Белгија Александар де Кроа.

Медиумите објавија дека меѓу работниците имало и странски државјани од Португалија, Романија и Украина, јави Танјуг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This