(ВИДЕО) СИЛВЕР ИЗЈАВИ: Пред мај нема разговори за продолжување на НБА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во САД моментно во светот има најмногу потврдени cлyчaи на кoрoнaвиpyc, бројката расте секојдневно и поради тоа можно е спортот да доживее нови одложувања.

Комесарот на најcилнaтa кошаркарска лига на светот Адам Силвер истакна дека НБА нема да води разговори за продолжување на сезоната пред 1 мај, а можеби тоа нема да се случи ни тогаш.

– Им кажав на сите минатата недела да прифат дека барем до крајот на април нема да бидеме во состојба да решиме околу било што. Не мислам дека ќе можеме да разговараме на 1 мај, но, тоа не значи дека нема да разгледуваме различни опции за да ја продолжиме сезоната. Мислам дека е рано, бидејќи не можеме да предвидиме каде ќе бидеме во наредните неколку недели – рече Силвер за телевизијата „ТНТ“.

Една од опциите што ја разгледува НБА лигата е преостанатите натпревари да бидат одиграни во еден град, и воедно плеј-офот биде пократок. Она што НБА не сака е да остане без завршување на натпреварувачката сезона и без шампион.

До прекинот на сезоната во Источната конференција водеше екипата на Милвоки Бакс со учинок од 53 победи и 12 пopaзи, пред Торонто Репторс (46-18), а на Западот лидер беше Лос Анџелес Лејкерс (49-14), а втор Лос Анџелес Клиперс (44-20).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This