(Видео) Силна epупција на сицилијанскиот вулкан Етна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Етна, античкиот вулкан лоциран на Сицилија, Италија, беше снимен во понеделникот како исфрла млазови лава кон небото.

На видеото обезбедено од видеоагенцијата „Раптли“ на РТ се гледа темнопортокалова лава како блика од врвот на планината Етна и капе по нејзините страни.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, кој го набљудува вулканот, ерупцијата се случила во југоисточниот кратер, а активност е забележана и во другите кратери.
Вулканските потреси почнаа да се зголемуваат во раните утрински часови во понеделникот пред да биде забележан позначителен пораст во попладневните часови, објавија локалните медиуми. Оттогаш, Институтот објави постепено намалување на експлозивната активност.

Претходните ерупции со текот на годините уништија жичници, закопаа куќи, загрозија села и повредија новинари, па сепак многу луѓе сè уште избираат да живеат во близина на вулканот.

Етна е најактивниот вулкан во Европа и е забележано како често еруптира во последните месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This