(Видео) Силно нeвpeме го пoгoди Вашингтон, без електрична енергија за илјадници домови, издадено пpeдупредување за торнадо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Силно невреме ја погоди американската престолнина, која остави многу домови без електрична енергија,a Националната метеоролошка служба на САД утврдува дали Вашингтон бил погоден од торнадо, затоа што биле забележани силни виори на ветер, пренесува „Вашингтон пост“.

Бурата започна во близина на црквата Фалс и Арлингтон, помина низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд.

Националната метеоролошка служба изјави дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога ќе ги напуштат своите куќи.

Повеќе од 30.000 домови во Мериленд и Вирџинија останаа без електрична енергија, додека во Вашингтон, 10.000 домаќинства беа без електрична енергија, според USA Today.

Невремето сруши дрвја, искина кабли, носеше покриви, а еден човек беше повреден кога паднало дрво врз неговата куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This