April 20, 2024, 12:43 am

(Видео) Симовски повторно се зakaни: Кој нema да се попише ќе има пocледици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, беше гостин во емисијата „Жешко политичко лето“ каде одговори на низа прашања поврзани со претстојниот попис.

Меѓу другото, Симовски најави дека не се разгледува одложување на пописот и дека екипирањето на попишувачи е при крај.

Се осврна и на повторно активната кампања за негов бојкот:

„Мораме сите да сфатиме дека ова е задолжителна активност. Ова е законска обврска, ова не е право, ова е обврска и мораме да бидеме дел од овој процес. И тоа е секаде во светот, не сме ние исклучок. Секој оној што ќе се обиде, било од која причина, под услов ние да ги запазиме сите пропишани протоколи коишто ги имаме за начинот на попишувањето, ако некој одбие да биде попишан, а сите протоколи се испочитувани, тогаш ќе сноси последици. Законот предвидува прекршочна одговорност и тука нела дилеми ниту пардон за никого“, рече тој.

Уверуваше дека сите попишувачи ќе носат заштитна маска, повеќето ќе бидат вакцинирани, а ќе може да се попишува и надвор од домовите, односно пред зграда или во двор.

„Денес имаме бунт во државата затоа што невакцинирани граѓани не можат да влезат во кафеана, а велат дека нема да го примат попишувачот ако не бил вакциниран. Ако тој попишувач не носи маска на себе, не ги запазува протоколите, тогаш апсолутно треба да биде пријавен и ќе биде најстрого казнет. Таква работа носи и кривична одговорност. Меѓутоа, ако ги почитува критериумите, а луѓето одбиваат да се попишат, тогаш тие ќе си ги сносат последиците“, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This