March 29, 2024, 10:28 am

(Видео) Скандал во општина Гази Баба: Градоначалникот направи пyч сам си го изгласа буџетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Надвор од сите процедури и постапки, градоначалникот на општина Гази Баба сам си го изгласа буџетот на општината.

Седницата на советот на општина Гази Баба која траеше 23 часа насила ја прекина градоначалникот Борче Георгиевски кој направи своевиден пуч и ги преброи гласовите за изгласување на буџетот на општината надвор од утврдена прекршувајќи го деловникот и законот за локална самоуправа.

За прв пат во историјата на општина Гази Баба се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Борче Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, информираат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, советниците од власта и градоначалникот се обидуваат на сила и надвор од утврдена постапка да донесе ребаланс на буџетот.

-Се случува шверцерско носење на ребаланс на буџет, директно поттикнато од градоначалникот на Гази Баба Борче Георгиевски. За прв пат во историјата на општината се носи ребаланс кој не е поминат на комисија, и без можност за поднесување на амандмани. Се кршат закони, процедури и деловник за работа на општината. Ваквото нечовечно и незаконско работење на градоначалникот Георгиевски покажува насилие и нервоза во носењето на ребаланс што самото укажува дека се штитат криминални интереси на бизнис кругови. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во Гази Баба повикува на присуство на јавност и медиуми, со цел да го евидентираат, криминалот и кршењето на процедури кои се одвиваат во овој момент. За потсетување, ребаланс на буџетот на Општина Гази Баба, се донесе пред 20-тина дена, што е уште една потврда дека овој нов ребаланс е за лични и криминални интереси, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

За кратко ќе следува и вонредна прес-конференција која ќе можете да ја проследите на Инфомакс. Следете не.

Видеото можете да го погледнете тука!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This