(Видео) „СКОПЈЕ КАКО ВУХАН“: Се поставува монтажна болница во близина на Инфективна, Maкедонија се спрема за новиот пик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сцени кои до пред неколку месеци ги следевме само преку светските медиуми стануваат реалност во Македонија. Во близината на Инфективната клиника се поставува монтажна болница за потребите на справувањето пандемијата од коронавируст. Откако состојбата со заразата ескалираше и во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 180 случаи на коронавирусот во Македонија, а денес бројката изнесува 125 нови заразени, Министерството за здравство донесе одлука за поставување на монтажен објект во близина на Клиниката за инфективни болести.

Дали Скопје полека Скопје се претвора во Вухан, а оние страшни сцени кои ги гледавме од Кина ќе станат реалност и во Македонија?

Инфомакс испрати прашање и до Министерството за здравство од каде ни потврдија дека се вршат градежни дејности на објект кој ќе помогне во справувањето со пандемијата.

– Појавата и состојбата со новиот коронавирус COVID-19 отвори бројни фронтови, државите во светот градеа свои стратегии во справувањето со вирусот кој предизвика здравствената инфраструктура и болниците да станат презаситени. Бевме сведоци како болниците во европските и светските земји ги постигнаа и надминуваа своите капацитети. Во борбата со коронавирусот ставивме фокус на здравствената инфраструктура, на Унивезитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и кампусот на Клинички центар Мајка Тереза – Скопје.

Во монтажната болница се сместија простории за 70 болнички кревети во дел стационар, амбулантски и тријажен простор, соби за одмор на персонал, тоалети за пациенти и персонал, гардеробери и соби за состаноци. Целата структура на монтажната болница е поврзана со „топла врска“ со зградата на Клиниката за инфективни болести. Влезот е поставен централно на „топлиот ходник“ до кој се пристапува директно со амбулантско возило.

Овој викенд, после нецели 3 месеци деноноќна работа, се дооформува тријажниот простор со додавање на модули, немедицинската опрема и инвентарот се доставуваат, и оваа монтажна болница ќе може да започне да се користи. Во периодот кој следи околината ќе се уреди и партерно, со паркинзи, службени пристапи и зеленило. Оваа болница е инфраструктурно веќе готова, велат од министерството.

 

Mobilna bolnica se postavuva vo klinicki centar, infektivno za COVID-19.

Posted by Miroslav Gjorgjievski on Friday, June 5, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This