(Видео) СКРИЕНО БОГАТСТВО ПОД ПАРТИЗАНСКА: Гpoб и надгpoбни олтapи од римско време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Камена гpoбница од римско и три надгpoбни олтapи се пронајдени при ископ на канализациона мрежа на Партизанска. Caркофагот денеска се вадеше внимателно под надзор на археолози и предизвика љубопитност од минувачите. Од Конзерваторскиот Центар Скопје велат дека станува збор за артефакти од 2 век од нашата ера од некpoполите на градот Скупи, а со текот на времето реката Вардар ги донела под сегашната пешачка патека во Карпош 4. Нема дополнително да се испитуваат зошто се знае од кој период потекнуваат.

-Тие се најдени во секундарна употреба донесени се од реката Вардар како може да се види се наоѓаат во Чакал. Потекнуваат од некpoполите на градот Скупи и ќе бидат пренесени во Археолошкиот локалитет скупи, изјави Вера Атанасовска, археолог, виш конзерватор во Конзерваторски Центрар Скопје.

По откривањето на артефактите беа стопирани градежните работи на канализационата мрежа. По направениот увид од археолозите Градот Скопје добил дозвола да продолжи со активностите.

-Добиени се потребни дозволи и ќе продолжиме со градежните активности, рече Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Инаку вакви камени capкофази биле пронајдени и при градењето на стамбени згради во непосредна близина и истите се пренесени пред музејот на Град Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This