(Видео) СЛАВЧЕ ТАНЕВСКИ, МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР ВО МЕРЦЕДЕС: Избришете го моето име од секаде каде се споменува Северна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талентираниот и успешен Македонец Славче Таневски кој работи како дизајнер за светскиот автомобилски гигант „Мерцедес“, се обрати до Агенцијата за иселеништво на Македонија со молба да не го користат неговото име во било какви промоции, бидејќи тој не сака да биде ставан во контекст со Северна Македонија.

Интегрален текст од Фејсбук објавата на Славче Таневски:

„Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат „северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели.

Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно!
Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример!

#Македонија #бојкотирам #блокирам #брц #Macedonia #forever“

Во прилоф на Фејсбук објавата, Таневски сподели и принт скрин од порака која им ја напишал на Фејсбук страната на Агенцијата за иселеништво:

„Здраво, овде Славче Таневски. Ќе Ве Замолам да ги отстраните сите постови кои се однесуваат на мене и мојата кариера од Вашата Фејсбук/како и веб страна. Не сакам моето име да се поврзува на никаков начин со терминот СЕВЕРНА Македонија. Благодарам однапред!“

Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат “северна” (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој…

Posted by Slavche Tanevski on Monday, March 11, 2019

Во продолжение уште еднаш погледнете го ремек делото кое го дизајнираше Таневски:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This