April 26, 2024, 11:13 am

(Видео) Слуги на криминалот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Орце, срце мое од тоа што си се договорил со мене, се договараа одеа сегде кога се договорија кога дојдоа кај мене со жената у недела ти више во четрврток беше искочен. Другар тешко беше да се менаџира, ради тебе искочија и други, точно е дека јас имав некаков договор, преговор начелен и со Дејан. И јас транспарентно отворено ти кажувам како било. Јас со друг сум немал, вели Боки 13.

Орце: Па нормално со Сашо беше другиот.

Боки 13: Не сум имал ништо!

Орце: Па ми рече бе ти ми кажа. Ми кажа ти!

Боки 13: Многу беше тешко тоа, се слуша во бомбите на Ла Верита кои се чини македонската јавност многу брзо ги заборави.

Граѓаните се жедни за вистината за најголемата криминална афера во 20-тиот век во Република Македонија, тие се зачудени како тежината на сите криминални активности падна само на тројца луѓе кои по се изгледа се само посредници, а само еден е соизвршител во истата.

Граѓаните ја бараат вистината и бараат одговорност, бараат да одговараат сите инволвирани во случајот. Но на граѓаните треба едно нешто да им биде јасно дека вистината по која трагаат за цело ова време метафорички речено е пред нивните очи или подобро кажано пред нивните уши.

Уште еднаш ќе повторам дека граѓаните многу брзо заборавија на снимките на Ла Верита или пак претешко беше да ги дигестираат сите скандалозни импликации кои што ги имаа тие снимки.

Како што малку погоре е цитирано еден од клучните моменти е фактот што кога се зборува за аферата „Рекет“ многу често се заборава да се спомене името на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој по се изгледа е еден од оние кои преку Бојан Јовановски,  успеал да се договори со Зоран Заев да излезе од притвор бидејќи има нерасчистени сметки со Зоран Милевски Кичеец.

Од она што можевме да го слушнеме во судницата Заев имал договор со Мијалков да излезе во замена за гласови на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за промена на уставното име на државата.

Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков бидејќи имал пратеници кои требале за да му гласаат уставни измени – објаснува Боки 13.

Е, СЈО веројатно имало повеќе предмети, и затоа е унитштено. А Катица повеќе знае и затоа е предмет на уцена и закана.

Сашо имал повеќе пратеници чии гласови му требале. Ова ми го кажа личлно мене, рече Бојан Јовановски во својот завршен збор.

Јавноста заборава дека слушна дека Боки 13 преговара за три лица, за кои лица станува збор, Вилма Русковска „не усепа да открие“.

Да видиш дома како ми е наместено“ – му објаснува Бојан на Орце, а овој прашува – „Топ масава, топ парче“, на што Јовановски забележува дека неговата жртва не го забележала најважниот детал од фотографијата – „Аха, а овој?“ забележува Бојан, „Премиерот?“ прашува Камчев на што сега осудениот Бојан Јовновски одговара „Беше и ЗЗ“. Додава и дека „во понеделникот“ разговарал со него.

На сето ова Камчев му вели па добро бе ти за нив ја играш играта, на што Боки 13 мудро премолчува по што 13-ка посочува дека треба да се сретне со Заев и дека тој нема да прави проблеми за неговото ослободување.

Понатаму Јовановски во друг дел од снимките објавни од Ла Верита повторно го употребува зборот менаџира кога зборува за Зоран Заев како што тоа претходно го менаџирал за ослободувањето на Сашо Мијалков.

На самиот почеток од видеото во прилог се говори за три опции за ослободување од политичкото обвинение за Орце Камчев меѓу кој една од опцииите е одлуката на Врховен суд. На 30 јануари Врховниот суд донесе одлука дека по истекот на рокот од 18 месеци, СЈО нема биде веќе овластен тужител за предистражни и истражни дејствија. Инетересно е што во еден од разговорите каде се слуша гласот на Заев, а е објавен на Јутуб, Зоран Заев вели дека Катица Јанева знае кој предмети треба да ги води пополека, а ја споменува и одлуката на Врховен суд за одземање на ингеренциите на СЈО по истекот на законскиот рок од 18 месеци. И самиот Заев вели дека без власта Врховен не може да одлучи ништо, а дека со Јово Вангеловски конечно се помирил.

Во разговор со Александар Верушевски снимен пред изборите во 2016-та година тој најавува како СЈО ќе „ги повреди многу“, а Зоран Заев самиот кажува дека на Орце Камчев „мамичето ќе му го ебе“.

-СЈО тоа што ќе го направи ќе ги повреди многу, драматични чекори. Море мамето мамино ќе му го ебам (се мисли на Орце Камчев), вели Зоран Заев.

Од снимките во кои се слуша гласот на Зоран Заев неодамна објавени на Јутуб, екс премиерот се слуша како се смирил со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и како по однос на предметите на СЈО поднесени после законскиот рок Врховен ќе го прогласи обвинителството на Јанева за ненадлежно. Заев понатаму вели дека без него Вровен не може да донесе никаква одлука, а Катица Јанева знае по однос тоа кои предмети треба да движат поспоро.

З.З.; И Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел …. Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

ЗЗ.; Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може…

Во новата аудио бомба објавена на twitter и you tube каде пишува дека се слуша дека е гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова која важи за многу блиска до Зоран Заев како бара 6 милиони евра за да бизнисмен биде пуштен на слобода. Тој во снимките вели дека не е до него и како тој само ќе земе процент од рекетот. Што се однесува до тоа кој одлучува за кој ќе влезе или излезе од притвор Димишков вели дека за тоа одлучуваат Зоран Заев и Вице Заев.

Комплетните разговори од 57 мин. Ќе бидат предадени после изборите на јавниот обвинител Јовески во кои се слушаат гласовите на Вице Заев, Владимит Стајиќ Роштиљ како застапник на Зоран Заев, Бојан Јовановски и посредник од Струмица како договараат да изнудат 6 милиони евра од бизнисменот Јордан Камчев и Дејан Панделевски, стои на крајот од видеото.

Во текот на вчерашниот ден после читањето на пресудата, Бојан Јовановски истакна дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Република Македонија, донесовте политичка пресуда. Парите рекетирани во оваа Македонија барaјте ги кај Зоран и Вице Заеви, а не кај Бојан Јовановски, вели Боки 13.

За видеото кое се надевам детално го опишав свој коментар има и уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Година дена овие снимки кружат по интерент. Целосните снимки лесно може да се најдат на ЈуТјуб. Може да ги слушне секој, освен Русковска. И не само Русковска, не ги слуша ниту еден обвинител, глуви се кога треба да се истражи вмешаноста на врвни политичари кои јадат наш леб.
Зошто?

Затоа што, ама ич не им е гајле за јавниот интерес. Таквото не им чуе за нашиот леб. Тие си го сместиле задникот во фотеља и баш им е гајле за народот.
Мисловниот процес кај обвинителот, барем, од тоа што досега можеше да се види, веројатно оди во насока на „дај и ја да лапнам од колачето“, наместо да го гонат тој што рекетирал.

Срамота.

Еве, делови, исечоци од овие снимки кои се појавија на интернет од пред една година. Сите се јавно достапни, а беа изведени и пред јавноста во суд. Да не ми глумат лудило дека некој издавал државни тајни.

И знаете што, се повеќе се согласувам со идејата дека во Македонија судско/обвинителскиот систем е најголемиот девастатор на општеството. Слуги на криминалот.

Додека нас не судат затоа што пробуваме да ја пренесеме вистината, криминалците се на слобода. Некои се и власт. Некои олигарси. Некои дипломати, кои нам ни солат памет како се стигнувало до демократија. Еве, потсетете се што премолчувате. И срамете се, напиша тој на Фејсбук.

Слуги на криминалот…

Година дена овие снимки кружат по интерент. Целосните снимки лесно може да се најдат на ЈуТјуб. Може да ги слушне секој, освен Русковска. И не само Русковска, не ги слуша ниту еден обвинител, глуви се кога треба да се истражи вмешаноста на врвни политичари кои јадат наш леб. Зошто?Затоа што, ама ич не им е гајле за јавниот интерес. Таквото не им чуе за нашиот леб. Тие си го сместиле задникот во фотеља и баш им е гајле за народот. Мисловниот процес кај обвинителот, барем, од тоа што досега можеше да се види, веројатно оди во насока на „дај и ја да лапнам од колачето“, наместо да го гонат тој што рекетирал.Срамота.Еве, делови, исечоци од овие снимки кои се појавија на интернет од пред една година. Сите се јавно достапни, а беа изведени и пред јавноста во суд. Да не ми глумат лудило дека некој издавал државни тајни. И знаете што, се повеќе се согласувам со идејата дека во Македонија судско/обвинителскиот систем е најголемиот девастатор на општеството. Слуги на криминалот. Додека нас не судат затоа што пробуваме да ја пренесеме вистината, криминалците се на слобода. Некои се и власт. Некои олигарси. Некои дипломати, кои нам ни солат памет како се стигнувало до демократија. Еве, потсетете се што премолчувате.И срамете се.

Posted by Александар Митовски on Friday, June 19, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This