(Видео) Снимка која ќе ве разнежни: Спасиле кенгур кој смрзнувал во езерото – еве како им се заблагодари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца мажи извлекле исплашен и исцрпен кенгур од студените води на езерото Бурли Грифин во Канбера во вторникот наутро.
Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува како дуото се приближува до уплашениот кенгур и со раширени раце го повикува да им пријде.

Малиот кенгур се тресел од студот и чекал да биде спасен. За среќа, еден од храбрите минувачи бил поморски нуркач кој помогнал со своите вештини.

Штом спасувачите се приближиле, кенгурот почнал во страв да се мавта со екстремитетите, но успеале внимателно да го прегрнат и да го однесат на брегот, каде што друг човек им помогнал. Со погледите на минувачите, третиот спасувач го смирил кенгурот, а за возврат животното, во знак на благодарност, ја подало раката.

Дејвид Бојд, кој го снимил видеото и го објавил на својот профил на Фејсбук, напишал дека кенгурот закрепнал по околу 30 минути, се смирил и продолжил со животот во дивината.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This