(ВИДЕО) СОКОЛОСКИ: Во три години на власт СДСМ не отвори ниту една нова инвестиција и ниту едно ново работно место во Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во три години на власт СДСМ не отвори ниту една нова инвестиција и ниту едно ново работно место во Прилеп. За кандидатот за пратеник од СДСМ, Миле Талевски, пред 8 години ова беше празна ливада, каде немало да никне ниту една фабрика и немало да се отвори ниту едно работно место, реагира Игор Соколоски од Комисија за економија на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Само Талевски тогаш не сакаше да го види она што го гледаа сите граѓани, а тоа е индустриска зона каде денеска работат и функционираат 3 фабрики кои вработуваат неколку илјади граѓани. Ова е дело на макотрпната работа на ВМРО-ДПМНЕ што денеска обезбедува егзистенција за илјадниците наши сограѓани. Но, што направи партијата на Талевски во изминатите три години на власт? Одговорот е буквално ништо! Од нивните ветувања за нови инвестиции во оваа индустриска зона има само една голема нула, рече тој.

Соколоски посочува дека инвестициите и новите работни места се мисловна именка за Талески, Јованоски и нивниот наредбодавач Зоран Заев.

-Затоа сега во безислезна ситуација пред избори, СДСМ врши масовен поткуп на граѓаните и дели пакети со продукти за кои никако да покаже потекло. Со промената на власта на престојните избори ВМРО-ДПМНЕ ветува раст на платите до 25% во наредните 4 години и намалување на невработеноста во Република Македонија под 10%. Целосно ќе го напуштиме концептот на прогресивен данок и ќе воведеме рамен данок до 8 проценти. Во нашата програма ќе понудиме конкретни мерки за зголемување на извозната конкурентност на македонската економија и предвидуваме до 90% реализација на капиталните годишни инвестиции, порача тој.

СДСМ во 3 години во Прилеп не отвори ниту една нова инвестиција и ниту едно ново работно место

Во три години на власт СДСМ не отвори ниту една нова инвестиција и ниту едно ново работно место во ПрилепЗа кандидатот за пратеник од СДСМ, Миле Талевски, пред 8 години ова беше празна ливада, каде немало да никне ниту една фабрика и немало да се отвори ниту едно работно место.Само Талевски тогаш не сакаше да го види она што го гледаа сите граѓани, а тоа е индустриска зона каде денеска работат и функционираат 3 фабрики кои вработуваат неколку илјади граѓани.Ова е дело на макотрпната работа на ВМРО-ДПМНЕ што денеска обезбедува егзистенција за илјадниците наши сограѓани.Но, што направи партијата на Талевски во изминатите три години на власт?Одговорот е буквално ништо! Од нивните ветувања за нови инвестиции во оваа индустриска зона има само една голема нула!Инвестициите и новите работни места се мисловна именка за Талески, Јованоски и нивниот наредбодавач Зоран Заев. Затоа сега во безислезна ситуација пред избори, СДСМ врши масовен поткуп на граѓаните и дели пакети со продукти за кои никако да покаже потекло.Со промената на власта на престојните избори ВМРО-ДПМНЕ ветува раст на платите до 25% во наредните 4 години и намалување на невработеноста во Република Македонија под 10%.Целосно ќе го напуштиме концептот на прогресивен данок и ќе воведеме рамен данок до 8 проценти. Во нашата програма ќе понудиме конкретни мерки за зголемување на извозната конкурентност на македонската економија и предвидуваме до 90% реализација на капиталните годишни инвестиции.

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Wednesday, May 27, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This