April 19, 2024, 11:59 pm

(Видео) Сопругата на Навални: “Тиe тoлкy мнoгy ce плaшaт oд нeгo, пa мopaaa дa ги coпpaт peчиcи cитe лeтoви вo Москва”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Им благодарам на сите кои дојдоа. Тие толку многу се плашат од Алексеј, што мораа да ги сопрат речиси сите летови вечерва во Москва. Толку луѓе беа разочарани само поради еден човек кој се врати во својата земја“, изјави Јулија Навални, сопругата на уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални.

„Тоа што е најважно, Алексеј рече дека не се плаши и јас исто така не се плашам. И апелирам до вас да не се плашите. Ви благодарам на сите за поддршката“, изјави Јулија Навални.

Да потсетиме, рускиот опозиционер и еден од најистакнатите критичари на руската власт и претседателот Владимир Путин, Алексеј Навални беше уапсен синоќа веднаш по неговото враќање во Русија од Германија каде што беше на лекување.

Неговиот авион слета на аеродромот Шереметјево, иако требаше да следа во Внуково поради „технички проблеми“. Руските медиуми пренесуваат дека неколку негови поддржувачи се уапсени во Внуково.

Откако Навални пристигна на пасошката контрола, тој веднаш беше уапсен од руската полиција. Тој ќе остане во притвор додека не се донесе одлука за ослободување, а на неговата сопруга Јулија и неговиот адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This