(Видео) Сотир Костов: Heкoj тpeбa дa ceднe вo Coбpaниeтo и дa кaжe – „Дajтe кoнeчнo дa paбoтимe вo интepec нa живoтoт и здpaвjeтo нa гpaѓaнитe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија на Телевизија 24, „24 АНАЛИЗА“, гостуваше Сотир Костов, каде истакна дека во овој момент е нејасно кој менаџира со институциите и кој раководи со државата.

„Не може да се обвинува опозицијата, ако не си ја консултирал за воведување на кризна состојба, за вонредната состојба, за сетовите на мерки.. и за пописот, и сега одеднаш опозицијата е црн ѓавол. Не. Опозицијата не ќе да е црниот ѓавол“.

„Се работи за здравјето на луѓето, се работи за животи. Во споредба со прошлата и сегашната недела имаме меѓу 30 и 50 посто на зголемување на смртни случаеви и на пандемијата, некој треба прстот да го стави на глава. Некој треба што поскоро да седне во Собранието, а тоа се сите парламентарни партии, тоа е координацијата на Талат Џафери, и да кажат – „дајте конечно да работиме во интерес на животот и здравјето на граѓаните, а нашите закочувања ќе ги оставиме за подоцна“. Бројките се поразителни и срамота е за сите учесници, а одговорноста е 99% на владата, а 1% на опозицијата“. – напосочи Сотир Костов.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This