(Видео) Спасовски: Апелирам до граѓаните да го почитуваат полицискиот час со цел да го намалиме ширењето на вируcот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва излезе во контрола на полицискиот час кој започна во 22 часот и ќе трае утре наутро до 5 часот во наредните 14 дена. Командирот на полициската станица од општа надлежност Центар, Љупчо Ѓурчевски му рапортираше на министерот во однос на состојбата во градот по започнувањето на полицискиот час.

Министерот во своето обраќање до медиумите изрази задоволство од реализацијата на плановите за реализација на одлуката и контролата во спроведување на одлуката за забрана на движење.

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, нашата полиција и пропадниците на македонската полиција од сите оддели од МВР од почетокот на пандемијата со ковид-19 се постојано на првата борбена линија. Сите одлуки на владата коишто се базирани на законот за заштита на здравјето на населението да бидат спроведени и да се изврши надзор над спроведувањетоо на овие одлуки се со цел да го заштитиме нашето лично здравје, здравјето на нашите семејства, околината во која што се движиме. Еве и сега имаме одлука на забрана за движење од 22 до 5 часот наутро. Врз основа на она што можам да го забележам од мојата посета на пунктовите, сите полициски службеници се на терен врз основа на предвидените планови за реализација на одлуката и контролата во спроведување на одлуката за забрана на движење. Занеме дека оваа рестриктивна мерка која што никој не ја посакува е неопходна мерка ако сакаме да го прекинеме ланецот наширењето на вирусот од ковид-19 и токму заради тоа мораме сите да се придружуваме кон оваа мерка“, изјави Спасовски.

Министерот Спасовски исто така изрази и благодарност до полициските службеници кои се во првите борбени редови од започнувањето на пандемијата во спроведувањето на мерките за заштита од ширење на вирусот, но и на граѓаните кои со почитувањето на мерките придонесоа во борбата против пандемијата.

„Сакам да се заблагодарам на сите полициски службеници кои што цело време од почетокот на пандемијата покрај редовните работни задачи, имаа дополнителна задачада ги контролираат спроедувањето на мерките за заштита од ковид-19 и постојано да бидат на браникот на државата на заштита на здравјето на гражанте и нашиот ќивот и кога многумина од граѓаните немаа потреба или можеа да бидат повеже заштитени, полициските службеници мораа да бидат на терен, меѓутоа професијата полицаец е да служите на граѓаните и на државата. И уште еднаш, од мое лично име сакам на сите нив да им се заблагодарам, да ви се заблагодарам на вас медиумите, и вие исто така сте на првата борбена линија и птеку вас граѓаните ги дознаваат сите потребни информации во овој дел. Секако на крајот да се заблагодарам на граѓаните кои што ревносно ги почитуваат сите мерки за заштита од ковид-19 во изминатиов период. Секако дека оваа мерка која е донесена од страна на Владата за забрана за движењето мора да биде во целост спроведена.

На крајот од своето обраќање Спасовски упати апел до граѓаните да се придружувааат до рестриктивните мерки со цел да го заштитат сопственото, но и здравјето на своите најблиски. Министерот нагласи дека нема да се толерира прекршување на владината одлука и дека ќе бидат соодветно санкционирани сите оние кои ќе ја прекршат истата.

„Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките, да ја почитуваат забраната за движење, на тој начин ќе придонесат и самите во борбата против ковид-19. Секако за оние коишто не почитуваат ќе имаме санкции и прекршочни и кривични санкции, тоа треба да му биде јасно на секој еден кој не ги почитува мерките и дирекно го загрозува здравјето на граѓаните. Ја очекувам дека, како што започнавме оваа вечер, преку почитување на оваа мерка за забрана за движење заедничќи ќе придонесеме во наредните 14 дена да имаме намалување на ширење на вирусит, стабилизација на состојбата на здравствениот систем и на тој начин да си помогнеме сите заедно во оваа битка. Убеден сум едка задно ќе ја добиеме и оваа битка протв ковид-19“, порача Спасовски.

Оливер Спасовски во контрола на спроведувањето на полицискиот час, 10.03.2021

Оливер Спасовски во контрола на спроведувањето на полицискиот час, 10.03.2021

Posted by infomax.mk on Wednesday, March 10, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This