(Видео) СПАСОВСКИ ПОТВРДИ: Прв случај на kopoнавиpyc во Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседтелот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче пред малку и официјално го потврдија првиот случај на коронавирус во нашата држава. На вондредна прес конференција тој ја информираше јавноста и повика на смиреност и присебност на граѓаните и ја увери јавноста дека Владата ги превзема сите превентивни мерки за спречување на натамошно ширење на вирусот.


Од министерството за здравство апелираат да не се конзумира храна направена од болни животни, да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање сирова храна и да се мијат задолжително рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат. Исто така една од мерките која апелираат да се почитува е воведување посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.

Населението ќе се заштити доколку се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни. Задолжително и често да се мијат рацете – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;

Да се внимава на заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. Кога се работи за кашлањето и кивањето, СЗО апелира тоа да се направи правилно: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете хартиени марамчиња, по употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција.

Многу е битно да се избегнува близок контакт со секој кој има треска и кашлица, а ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This