Претседателот на Владата, Оливер Спасовски на денешната прес конференција посочи дека донесена е одлука од утре да се ykине полицискиот час.
Покрај укинувањето на полицискиот час, донесени се и низа други одлуки.
Од 28.05 започнуваат со работа угостителките објекти од отворен тип, како и оние што имаат тераса, додека за затворените објекти ќе се изработи посебен протокол за работа.
Од 01.06 се укинуваат сите мерки за ослободување од работа и за ротација во смени за сите освен за родителите на деца до десет години и на лицата со хронични заболувања.
Дополнително ќе биде донесена одлука за отварањето и начинот на работа на детските градинки.
Се укинува и карантинот за вратените македонски граѓани кои се враќаат со „хуманитарните“ летови, со прикажан негативен тест и самоизолација.
Претходно денеска заседаваше Комисијата за заразни болести која ги анализираше тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.
Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие регистрира 14 оздравени пациент, 16 нови случаи на Ковид-19, како и тројца пoчинати, со што остануваме на црната листа за регионот