(ВИДЕО) СПАС ЗА МОКРИТЕ ЧЕВЛИ: Со овој трик ќе ги исушите за миг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дожд, снег, студ и мокри чевли! Дали пoстои пoлoшa комбинација од оваа? Токму затоа овојпат ви донесуваме трик со чијашто помош вашите обувки ќе бидат суви додека да трепнете!

Кога обувките добро ќе ги намокрите, што е секако гарантирано во вакви временски услови, ќе пројде доста време додека тие во потполност да се исушат и да бидат подготвени за нова тура гaзeњe по рaскaшaвeниот снег. Но, постои трик со којшто може значајно да го забрзате целиот процес. Се прашувате во што се состои трикот? Во старите весници! Сè што треба да направите е да ја извадите влошката од чевлите ако може да се извади, а потоа во обувките да вметнете стуткани стари весници. Оставете ги извесно време на суво место и тоа е тоа!

А ако сакате значајно побрз резултат, ставете ги покрај радијатор или грејалка, само внимавајте да не ги ставите премногу блиску до изворот на топлина, туку оставете ги некаде на страна, кадешто нема да бидат директно изложени на премногу топол воздух.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This