(Видео) СПМ co peaкциja: Пoвpeдa и kpшeњe на зakoнcкитe зaгapaнтиpaни пpaвa нa вpaбoтенитe, oдговopнocт мopa дa имa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатиот период свесно од страна на Одделот за заеднички работи при БЈБ до надлежните судови се доставуваат неточни и незаконски тврдења дека распоредувањата надвор од местата на живеење на работниците се законски и во согласност со законот за внатрешни работи, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнуваат од Синдикатот на полиција на Македонија.

-Оваа појава како злоупотреба треба посебно да се нагласи при распоредувањето на работници од една во друга организациска единица надвор од местото на живеење во рамките на исти Сектор за внатрешни работи што е во спротивност со членот 107 од Законот за внатрешни работи. Бидејќи свесно, намерно овој Оддел ги прекршува одредбите од Законот, сето тоа резултира со долги судски постапки. Јавноста мора да знае дека наведениот Оддел е запознат дека постојат и му се доставени ПРАВОСИЛНИ СУДСКИ ПРЕСУДИ ПОТВРДЕНИ ОД АПЕЛАЦИОНИ СУДОВИ каде е утврдено прекршување на нивните постапки кои што ги воделе пред надлежните судови. Сметаме како Синдикат дека наведениот Оддел исто така прикажува лажни факти и спротивно толкување на прописите на Министерството и кај државниот правобранител со намера и покрај тоа што Министерството е свесно дека ќе го загуби спорот и понатаму се инсистира на долги судски спорови кои најчесто Министерството ги губи како спорови и работникот со пресуда се враќа на старото работно место, велат од синдикатот на полиција.

Тие ја прашуваат и „вечната“ раководителка која раководи со наведениот Оддел: Доколку не сме во право зошто по секоја цена ја криете Уредбата за организација и работа на Министерството за внатрешни работи? Кога ќе престанете да правите штета на Министерството?

-Од тие причини „семоќна“ ПРЕСТАНЕТЕ со манипулирање и погрешно да ја прикажувате фактичкта состојба и да вршите злоупотреби на штета на вработените. Бидејќи надлежните служби во МВР посебно Одделот за внатрешна контрола во содејство со Одделот за криминалистичка полиција и покрај нашето секојдневно реагирање немаат а најверојатно нема ни да планираат да извршат никакви проверки во однос на наведените злоупотреби, во наредниот период ќе побараме кривична одговорност од Одделот како организациска единица во рамките на МВР. Само заради незаконското работење на наведениот оддел под капа на долгогодишниот раководител, Министерството на име надомест на штета на вработени, адвокати и извршители има исплатено неколку милиони евра оштета. Е вака повеќе не може. Доста Е!

Второ, неодамна пред вработените и јавноста јавно презентиравме докази за тоа како највисоки функционери во кабинетите на Министерот и Директорот на БЈБ со месеци наназад постапуваат спротивно на правилата и прописите на Министерството а со тоа нанесуваат директно штета како на работниците така и на Министерството, видно по изгубените судски процеси. Имено наведените функционери ставајќи се во позиција на „семоќни“ ПРЕТСЕДАТЕЛИ на комисиите за распоредување во МВР, непочитувајќи го Законот за внатрешни работи и Правилникот за начинот на спроведување на селекција при распоредување во МВР сами си изготвувале ОДЛУКИ и истите ги спроведувале до Министерот за внатрешни работи без притоа често несвикувајќи ја комисијата која е составена од вкупно пет членови со право на глас. Со ваквото незаконско работење ги „решавале“ судбините на неистомислениците и професионалците во МВР, потенцираат од Синдикатот на полиција на Македонија.

Додаваат дека, со тоа се отвара основан сомнеж дека овие Комисии во овој состав, воопшто или често немаат заседавано и воопшто немаат одлучувано за предметното распоредување во полн состав, односно дека воопшто такви пропишани одлуки и записници потпишани од сите пет членови НЕ ПОСТОЈАТ. Честопати постојат само одлуки потпишани само од еден од претседателите на двете комисии за распоредување во МВР што е класична злоупотреба.

-Наведеното отвара сомнеж дека исто така е постапувано и работено спротивно на правилата и прописите на правната служба во МВР од причини што воопшто ваквото незаконско постапување не го земала во предвид при спроведување на постапките за распоредување и изготвување на решенија од страна на Министерот за внатрешни работи. Затоа денес тука ЈАСНО И ГЛАСНО на само неколку метри од кабинетот на Министерот ќе кажеме, доста е од злоупотреби, доста е и веќе ја претеравте. Време е да кажеме дека времето на одговорност доаѓа и иде. На вработените им е преку глава од Вашето нанесување на страв кај сите вработени и со злоупотреба на терминот „потреба на службата“. Одговорност мора да има и ЌЕ ИМА…, додаваат тие.

https://www.facebook.com/527157524133835/posts/1710348769148032/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This