- Advertisement -
Хеликоптерите на српското Министерството за внатрешни работи, кои беа ангажирани за гаснење на пожарот во кумановското село Дренак, вчера имале 21 налет и испуштиле околу 25 тони вода.
По наредба на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, четири хеликоптери, три пожарникарни, од кои „bel“- a и еден „H-145“, беа испратени да им помогнат на колегите од Македонија и населението, додека четвртиот “газела” се користи за извидување и насочување.