(Видео) Стоилковски: Дaли зaд милиoнcкитe тeндepи вo здpaвcтвo нa Кубис Meдикал ce кpиe Cинepџи нa Горан Филипов?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Венко Филипче трет ден молчи за милионските набавки на Кубис Медикал, на кои што им потпишува милионски тендери, додека јавноста ја лаже дека само што не стигнале вакцини, а секој ден умираат по десетина наши сограѓани како последица од КОВИД 19 вирусот.

Која е Кубис Медикал, фирмата миленик на Филипче за добивање на тендери?

Дали зад Кубис Медикал всушност се крие Синерџи, на Горан Филипов, партнерот на Филипче со кој што неговата тешта гради куќа на падините на Водно?

Дали за Кубис Медикал се крие Синерџи која од државата откако е Филипче министер испумпала 7 милиони евра во тендери?

Создава ли Филипче нова здравствена мафија, на чие чело е самиот тој и неговата фамилија, како и неколку семејства во чиј посед се веледрогерии и фармацевтски гиганти?

Филипче гради бизнис империја на неколку поединци, чии што врски одат директно до него.

Здравството и буџетот на министерството наместо за подобрување на условите во болниците, набавка на вакцини и лекови, се користат за тендер шеми и богатење на поединци.

Не е чудо што се уште нема вакцини, кога ќе погледнеме дека министерот за здравство е зафатен со потпишување на тендери.

Фирмата миленик на Филипче, Кубис Медикал, во последните три години добила државни тендери во здравството од 5 милиони евра. Тоа е истата таа фирма, на која Филипче и потпишал одлука за набавка на томографи за 15 милиони поскапи од првично понуденото од истата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This