March 29, 2024, 12:09 am

(Видео) Стоилковски: Фyнционepи на СДСМ лeгaлизиpaлe oбjeкт за мapихyaнa штo нe бил ни изгpaдeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, открива скандал за фирма за призводство на канабис, во сопственост на близок соработник на Зоран Заев, која го изиграла законот при градењето фабрика за преработка на канабисот.

-Постојат сериозни сомнежи дека функционери на СДСМ, екс пратеници, градоначалник, советници, општински моќници, на чело со Зоран Заев се дел од злосторничко здружување кое на штета на буџетот на државата и спротивно на закон го зголемуваат својот имот и вртат милиони.

Драган Ѓоргиев, поранешен пратеник од времето на Зоран Заев и Атанас Јанушев негов ортак, кои преку фирмата „КАНАБИС ПРО“ се помеѓу првите 10 фирми кои добиле лиценца за марихуана од Зоран Заев, изградиле фабрика, објект за кои што постојат основани сомнежи дека е изграден спротивно на закон, а при што е оштетен и буџетот на Република Македонија.

Ѓоиргиев и Јанушев легализираат објект кој во моментот кога го пријавиле како изграден и воопшто не постоел. Тие двајца во февруари 2018 година преку геодетско друштво од Битола почнуваат со изработка на геодетски елаборат за објект којшто во тоа време не постои, а за кој имале архивски број од општината во Босилово каде што побарале легализација уште во 2016 година. На 16 април 2018 година, неполни два месеци по купување на празната нив, двајцата членови на мафијата блиски до Заев, Драган Ѓоргиев и Атанас Јанушев регистрираат фирма за бизнис со марихуана „КАНАБИС ПРО“. Следува за еден месец по отварањето на фирмата геодетскиот елаборат да е завршен значи на 15 мај елаборатот е завршен, на 31 мај решението за легализација минува на општински совет, на 1 јуни градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков потпишува, а нарко бизнисот на мафијата добива легален објект.

Јавното обвинителство мора да отвори случај против геодетското друштво кое го изготвило елаборатот за објектот кој што во тоа време не постоел. Но и за Ѓоргиев и Јанушев како сопственици на овој објект. Дополнително истрагата мора да се прошири и кон градоначалникот и одговорните лица во општина Босилово, како и кон советниците и урбанистичкиот сектор, за кои постои сомнеж дека воделедвојно книговодство и во 2016 година во архивската книга на општината оставале празни бројчиња и празни места.

Ѓоргиев и Јанушев го изиграле и законот за земјоделско земјиште и законот за легализација на дивоградби. Оштетен е буџетот на Македонија и општината Босилово.

Ова почитувани е злосторничко здружување. Кое на крај е наградено со лиценца за производство на марихуана.

Бараме Јавното обвинителство наместо да се занимава со политички притисок врз опозицијата да почне да работи согласно закон и да ја расветли оваа шема на злосторничко здружување.
Криминалот, мафијата и владата се едно исто во Македонија и мора да паднат. Или мафијата или Македонија – вели Стоилковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This