(Видео) Столтенберг: Члeнcтвoтo вo HATO ja пocтaви Македонија нa пaтoт нa cтaбилнocтa и пpocпepитeтoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е вреден сојузник на НАТО, велии Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во честитката за, како што рече, успешната прва година на Македонија во Алијансата.

Во видео обраќањето по повод годишнината, тој рече дека Македонија е суверена земја во силната Алијанса, со свое место на масата на НАТО и еднаков глас во обликувањето на одлуките. Тоа е крај на едно патување поплочено со храброст и одлучност, што ја постави Македонија на патот на стабилноста и просперитетот, опкружена со 29 пријатели и сојузници, а тоа е добро за граѓаните на Македонија, за регионалната безбедност и за трансатлантската безбедност – вели Столтенберг.

Нарекувајќи ја Македонија сигурен извозник на безбедност, Генералниот секретар го поздрави учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО.

„Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги запознав вашите специјални единици кои се обучуваа во Скопје. Ги запознав и вашите високо професионални храбри трупи кои се борат против меѓународниот тероризам кога го посетив Кабул. Македонија е сигурен извозник на безбедност“ – рече Столтенберг и го поздрави планот за инвестирање на 2% од БДП во одбраната. НАТО помага во создавањето на стабилност што е темел на економскиот раст“, порачува Генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг се осврна и на солидарноста на НАТО во услови на пандемија, на новите безбедносни закани и рече дека на следниот Самит на НАТО ќе биде поставена амбициозна агенда за иднината на Алијансата преку иницијативата за НАТО 2030 година.

„Во овие неизвесни времиња, уште поважно е да имате пријатели и сојузници. Затоа, честитки уште еднаш на Македонија за успешната прва година. Ви благодариме за континуираниот придонес на нашата заедничка безбедност. И благодариме на Канцеларијата за врски на НАТО за целата нивна помош и поддршка низ годините. Заедно стоиме, 30 сојузници на број. Заедно продолжуваме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани“, заклучи Столтенберг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This