(Видео) Стојанче Ангелов го претстави новиот систем за командување со пожари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за управување со кризи го претстави новиот систем за командување со пожари – НИКС, кој всушност представува посебен систем за командување при итни ситуации кој ги дигитализира податоците од терен, со цел да бидат достапни за Главниот штаб за управување со кризи.

– Кратенката НИКС означува Следна генерација на систем за командување. Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен, односно членовите на главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде имаме изгаснат пожар за кој што постои можност за повторно да се активира. Како што веќе во повеќе наврати кажавме, изгаснатите пожари и понатаму претставуваат опасност, бидејќи доволно е само малку ветер и повторно на некои места истиот да се разгори. Сите податоци од терен ги имаме на едно место, тоа помага на главниот штаб да носи квалитетни одлуки, да врши подобра координација на силите на терен. Во среда детално ќе бидете запознати со овој систем бидејќи е премногу за една прес-конференција, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This