(Видео) Стојкоски: Населбата Даме Груев ќe дoбие пeшaчка зoнa нaмecто нeбeзбедна yлицa бeз оcвeтлување и тротоapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Километарска пешачка зона ќе биде направена на улицата „Шар планина“ во населбата Даме Груев, која сега е неосветлена и небезбедна, поради тоа што нема ниту тротоари, ниту осветлување. Реализација на овој проект ветува Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. Смета дека ова место ќе биде одлично за спорт и рекреација за сите жители на населбата, но и општината.

-Оваа улица покрај за сообраќај, локалното население често ја користи за слободните активности во попладневните часови. Овдека тие шетаат со своето семејство, со своите пријатели, дел од нив ги шетаат тука и своите домашни миленичиња. Но оваа улица во вечерните часови е многу небезбедна, бидејќи е неосветлена и на нејзе нема тротоари од двете страни. Во мојата изборна програма предвидувам изградба на пешачка зона, пропратена со бројни зони за спорт и рекреација, како и места на кои што граѓаните ќе можат да седнат и да поразговараат, вели Стојкоски.

Повеќе инфраструктурни проекти се дел од програмата на Стојкоски, кој вети и отворање на нови сообраќајни артерии за да нема гужва низ Ѓорче Петров и околните населби. Тој секојдневно преку објави информира дека е со граѓаните на терен, што како пракса, ќе го воведе и кога би ја презел функцијата градоначалник. Според него, програмата стигнала до сечиј дом, а за тековните активности информира и на социјалните мрежи.

Видеото може да го погледнерте ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This