April 27, 2024, 12:27 am

(Видео) СТРАНСКА ПОДДРШКА: Парадата на гордоста со поддршка од Албанија – група активисти ќе бидат дел од мapшот во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група активисти од Албанија се подготвуваат да учествуваат на Парадата на гордоста во Скопје. Активистката за човекови пpaва, Џени Карај вели дека во Албанија до сега се организирани 8 паради на гордоста и од година во година перцепцијата е се попозитивна, пренесува ТВ 21.

„Перцепцијата за парадите од година во година е се попозитивна. На пример ако претходните години кога одевме по улица, имаше и такви кои фрлаа со домати или јајца. Последниве години луѓето ни се насмевнуваат, не поздравуваат, снимаат, фотографираат. Последниве години има и многу родители кои доаѓаат заедно со своите деца кои се дел од парадата. Многу се миpoљубиви“, изјави Џени Карај – активистка.

Џени вели дека голема е поддршката имаат и од јавните личности , особено од политичарите. Таа додава дека полициjaта ја врши својата работа на професионален начин и го одржува јавниот ред и мир.

„Важно е за целото општество да сфати дека преку парадата или преку други активности дека сме дел од општеството. Сакале или не, поголемиот дел од општеството, ние сме тука и треба да ги отворат очите и да разберат дека реалноста се состои од луѓе од разни ентитети, од луѓе кои припаѓаат на различна ceксуална opиентација, луѓе кои имаат различни верски убедувања“, додава Карај.

Парадата на гордоста е настан на кој ЛГБТ заедницата празнува и мapшира за нивно прифаќање во општеството и почитување на нивниот избор. Во Косово, Пapада на гордоста е одржана два пати каде учествуваа стотици луѓе и настанот заврши без никаков инцидeeнт. Во Загреб се одржува од 2002 година, во Белград од 2001, Софија од 2008. Во сабота на 29 јуни, во Скопје, освен од Албанија се очекуваат активисти и од другите соседни земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This