(ВИДЕО) СУДОТ ВО СТРАЗБУР СО МЕРКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ги замрзнува одлуките за случајот на Хунд Алболуки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако 42-годишната Хинд Алболуки, која е родена во Дубаи, а веќе неколку недели е во центарот за странци во Гази Баба и во Македонија бара азил, бидејќи, како што вели, има закани од нејзиното семејство затоа што побарала развод од сопругот, МВР го одби нејзиното барање.
Одлуката беше обжалена, но Управниот и Вишиот суд одлучија да се одбие барањето. Иако, нашите институции, во рекордно време одлучија околу судбината на Хинд, сепак нивните одлуки сега се замрзнати од страна на Европскиот суд за човекови права. Од Министерството за правда, без да кажат за кој случај поточно станува збор, рекоа дека на 6-ти февруари примиле известување од Судот во Стразбур за изрекување времена мерка за Македонија, објави ТВ21.

Привремените мерки се разни и со различно времетраење, објаснува Џонова. Според неа, сега за сега Судот во Стразбур очекува Македонија да им одговори на прашањата околу случајот на Хинд, па дури потоа да одлучи дали изречената мерка ќе ја повлече или пак ќе ја продолжи со нови рокови.

До Бирото за застапување на Македонија пред Судот во Стразбур, сѐ уште не пристигнала апликацијата од странката која се жали, но се очекува истата да пристигне наскоро, бидејќи сѐ уште течат роковите за одбраната да достави барање во Стразбур.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This