April 25, 2024, 10:13 pm

(Видео) СУПЕР БАБИЧКА: 81 годишна баба со неверојатен подвиг испрати порака за младите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кусо пред 18 часот по локално време, по речиси шест часа, 81-годишната Гркинка Анастасиа Геролимату, вчера го оствари нејзиниот сон откако со windsurf помина 18 наутички милји преминувајќи од островот Кефалониа на Пелопонез, jави дописничката на МИА од Атина.

Геролимату за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека го исполнила сонот што го имала уште додека била дете, иако беше речиси шест часа во морето, коментира дека времето и поминало многу брзо.

-Сега им ја предавам палката на младите, со порака никогаш да не се откажуваат во животот, колку тешkoтии и да имаат. Ги повикувам да го засакаат морето, а мојата цел е да ги учам младите windsurf, вели 81-годишната Гркинка за АНА-МПА, откако пристигна на целта.

Со успешно поминатите 18 наутички милји со windsurf, според медиумите, грчката „супер бабичка“ си обeзбеди место во Гинисовата книга на рекорди.

Како што вчера објави МИА, Геролимату, на 81 година, рeши да исполни нејзин стар сон, во прeсрет на подвигот порача дека „возраста е само бројка“ и истакна дека е аматер во спортот со кој се занимава веќе 41 година, а учела сама.

За време на нејзината, како што самата вели, Одисеја од местото Скала на островот Кефалониа до пристаништето во градот Килини на Пелопонез ја придружуваа два чамци.

https://www.facebook.com/452413798658816/videos/409889406300210/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This