(Видео) Тасева за ckaндалот Мафија: Македонија се поставила како штитник на високиот организиран kpиминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Слаѓана Тасева, претседателката на здружението Транспаренси Интерншнл во Македонија во вечерашното гостување во емисијата Неделн брифинг на порталот Инфомакс, вели дека таа лично не е задоволна од реформите во правосудството до степен да каже дека воопшто нема реформи.
Јас лично не сум задоволна од реформите. Сметам дека степенот на кој што сега некој тврди според мене не е доволен дури ни до нивото да кажам дека нема реформа. Иако во некои извештаи ќе прочитаме постои спроведена е одреден реформа во судството, во делот на законот за Судскиот совет, како почна судскиот совет да функционира но таму треба навистина добро прочистување, вели Тасева.
Моите очекување после шарената револуцуја кога зборувавме нема правда, нема мир беа дека веке имаме готовои решенија за реформи во сферата на правдата и на судството кои што веднаш ќе почнеме да ги спроведуваме, меѓутоа и ден денска тоа е само она делување на површината, не се зафатиподлабоко во судството каде што има навистина голем проблем, рече Тасева.
Во безбедносниот сектори исто така треба реформа во делот таму каде што се водат истрагите за сериозни кривични дела и корупцијата и поставеноста во целина, рече Тасева.
Тасева, посочи дека скандалот Мафија многу говори за тоа каква држава е Македонија, укажувајќи дека службениците кои сликале и изготвувале пасоши не можеле сами да го прават тоа, барајќи да се испита која е позадината.
Многу лошо зборува тоа за нас како држава, дека ние сме се поставиле како штитници за високиот организиран криминал со тоа што сме им овозоможиле на тие безбедно да се движат и да делуваат насекаде каде што се одвиваат нивните криминални активности.
Не смееме да го сведиме на тие седум извршители кои што сликаат и изготвуваат пасоши, затоа што не можело тие сами тоа да го прават. Значи системот точно ќе ти покаже тој пасош, но зошто го изготвил и што било во позадина тоа е работа која што треба да ја истражи незавина меѓународна комисија, вели Тасева.

Емисијата Неделен брифинг на со Сотир Костов и Слаѓана Тасева на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This