April 19, 2024, 12:12 pm

(Видео) Тасева: Македонија како Палермо во времето на омерта, Македонија е зapoбена држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на „Транспаренси Интернешнал Македонија“, Слаѓана Тасева, во своето гостување во денешната епизода од емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс зборувајќи за корупцијата во Македонија, за која добивме катастрофални оценки од од реномирани меѓународни институти, истакна дека кај нас и покрај добрата правна регулатива, недостасува ефикаснот на институците

„Недостасува ефикасност на институциите, недостасува ефективно спроведување на тоа право што го имаме, недостасуваат ефективни санкции. Значи сето тоа што треба да по покаже резултат од примената на тоа право. Затоа на индексот на перцепција на корупција ние постојано паѓаме. Прв пат кога била рангирана Македонија, ние сме биле на 61, 62, сме паднале до 69, па тогаш се донесе и првата стратегија за подобрување на индексот на корупција. Меѓутоа, за сите овие години, кога ја воспоставивме антикоруоциска, кога ги поставивме дополнителните институции за следење на текот на парите, сите тие се многу политички поставени. Ние имаме во сите институци лица поставени или врзани со политиката и недостасува слободата и политичката волја, да им се даде на тие институции можноста и правото да си ја остваруваат својата надлежност“, појасни Тасева додавајќи дека тоа нема да се случи доколку лицата поставени имаат силен порофесионален интегритет и застанат во одбрана на својата на својата професија.

Во однос на корупцијата во Македонија и вмешаноста на политичарите и високите функционери во корупцијата, конкретно по последните четири години, за Лидија Димова, Ден Дончев, Рашковски, ременски, Кирацовски, Боро Марболо, Мира Дизе, Градоначалникот Курто Дудуш, Павле Богоевски, Катица СЈО, Василево дојран изборен поткуп,  и така натаму, Тасевска истакна дека

Ние сега зборуваме за заробувена држава. И тоа и формално, стои во извештаите на Европската комисија, А со ваквите дејствија, каде што веќе имаме ситуации каде што актуелни носители на власта се изведуваат пред лицето на правдата или се поведуваат постапки за нив се сака од една страна да се покаже подготвонест да се справиме со корупцијата во највисоките врвови на политиката или со лицата поврзани со политиката.

Тасева потсети на Палермо, во времето кога се потпишуваше конвенцијата за борба против организираниот криминал во срцето на мафијата. Таму, со помош на такво развивање, согласно, со помош на законот, наспроти корупцијата, луѓето се охрабрија да проговорат кога беше забрането да се зборува протв мафијата и да си го вратат градот назад.

Тасевска подвлче дека се работи за селективно применување на правдата и за тоа дека за одредени лица системот е слеп и глув и не прави ништо.

Емисијата Неделен брифинг на со Сотир Костов и Слаѓана Тасева на Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This