(Видео) Тасева: Политичарите во Македонија си се штитaт во kpиминалот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на „Транспаренси Интернешнал Македонија“, Слаѓана Тасева, во своето гостување во денешната епизода од емисијата „Неделен брифинг“ со Сотир Костов на Инфомакс, зборувајќи за правната регулатива од областа на кривичното право во Македонија, истакна дека нашето право е добро усогласено со меѓународното право, што ни дава добра основа за борба со криминалот во земјата, но и за ефикасна меѓународна соработка.

„Нашето право, кривично, но и правото воопшто, ги содржи во себе меѓународните стандарди кои се поставени со меѓународните конвенции и договори на кои сме ние потписници и сме ги ратификувале а кои се однесуваат на се она што опфаќа ефикасна борба против криминалот и корупцијата, вклучитено и мерките за превенција, но и мерките од областа на кривичното право. ВО нашето кривично право се вградени сите елементи коишто треба да претставуват инкриминации на криминално однесување, коруптивно. Сето тоа е добро усогласено со меѓународното право, што ни дава добра основа за борба со криминалот во земјата, но и за ефикасна меѓународна соработка“, рече Тасева, додавајќи дека покрај правна рамка имаме и добра институционална рамка.

Во однос на спроведувањето на правото во земјата, Тасева нагласи дека системот е нем и глув и не прави ништо во врска со корупцијата, одредени коруптивни шеми и коруптивни групи.

„Со години укажуваме на одредени состојби, на одредена поврзаност, на коруптивни шеми и коруптивни групи, меѓутоа за тие системот воопшто е нем и глув и не прави ништо. Од Антикорупциските столбови во Македонија, вкупно 13, ниту еден. политичарите, дали се во опозицијата и власта, кои и да се меѓу себе се покриваат, кога станува збор за криминални дејствија тие тука се заштитуваат. Системот едноставно е заробен во спрегите на политиката сѐ уште има моќ да каже тука некој да чепкаш. Значи тоа е нашиот проблем, политизацијата на целиот систем. Затоа зборуваме за системска корупција“, подвлече Тасева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This