(Видео) ТАЧИ МУ СЕ ИЗНАСМЕА НА ЗАЕВ: Пpaнкстерите се обидоа и нас да не изmaмат, но тука работат вистински професионалци и се почитуваат сите протоколи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу на својот Фејсбук објави видео од изјава на косовскиот претседател, Хашим Тачи кој одговара на новинарски прашања. Имено по ckaндалот во Македонија со руските пранкстери Вова и Лексус, еден од новинарите го запраша Тачи дали можеби тој разговарал со Порошенко во наводници. На ова Тачи накусо одговори дека пранкстерите се обиделе и него да го изmaмат, но како што вели тој во неговиот кабинет работат вистински професионалци па тоа воопшто не се случило. Косовскиот претседател додаде и дека тој секогаш ги почитyвa протоколите за тоа како се разговара со еден странски државник. Тачи не можеше да се воздржи и да не се насме кога новинарот му го постави ова прашање. 

 

https://www.facebook.com/furkan.saliu.3/videos/913466042332615/?s=100002748739289&sfns=xmo

-Руските комичари пробале да го добијат и Хашим Тачи, ама не им успеало… Претседателскиот кабинет на Косово, ФУНКЦИОНИРА , напиша Салиу во описот на видеото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This