(Видео) Тајфун во Јапонија – Евакуирани се 235.000 луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тајфунот Лупит, кој ги зафати западните и јужните региони на Јапонија, издаде предупредување за евакуација на 235.000 луѓе, пренесе Анадолија.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) објави дека западниот и јужниот дел на земјата, особено провинциите на брегот на Јапонското Море, се погодени од тајфунот Лупит.

Државниот медиумски сервис НХК објави дека досега е издадено предупредување за евакуација на 235.000 луѓе во провинциите Хирошима, Шимане и Ехиме.

Новинската агенција Кјодо објави дека западно-јапонските железници откажале некои линии.

Мостот што ги поврзува јужниот град Осака и аеродромот Кансаи е затворен за сообраќај по силните ветрови.

Полицијата соопшти дека едно лице исчезнало во река која се излеала по дождот во провинцијата Шимане.

ЈМА предупреди дека се очекуваат обилни врнежи од дожд во регионите Канто, Кинки и Токаи.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This