(Видео) Темелков: Ќе протестираме се додека не ги видиме нашите браќа на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното вонредно издание на емисијата Тешки муабети, Љупчо Палевски Палчо и Милош Милошевски зборуваа за семакедонскиот протест за правда на уставобранителите кој ќе се одржи во недела на 25 април. Гостин во вечерашното издание е господинот Боби Темелков, Македонец од Канада, организаторот на протестот во недела. Темелков изрзи благодарност до редакцијата на Инфомакс која ја поткрена свеста кај народот за потребата од еден ваков семакедонски собир односно протест за правда на уставобранителите кои неправедно осудени лежат во затвор.

„Идејата за овој протест ја имам веќе подолго време. Собрав млади луѓе од целиот свет. Јас сум иницијатор, но не работам сам. Би сакал да ги спомнам луѓето кои помогнаа, а тоа се Аника Стојковски од Австралија, Миле Николовски од Германија, Сузана Поповска, од Финска, Симo Поповски Македонски од Англија, Ило Јанев од Белгија, Ицо Најдовски Пирин Австралија, Смиле Македонски Петровски од Германија или Швајцарија, Златко Николовски од Швајцарија, Драган Стоилковски од Швајцарија, Ана Дуковска од Америка, Драги Стојковски од Канада, Гоце Аџиевски од Нов Зеланд. Тоа се луѓето кои стојат позади овој протест“, изјави Темелков.

Темелков истакна дека протестот ќе биде семакедонски, без партиски обележја и без политички говори.

„На овој протест ќе нема политичар на бината, ќе нема политички говори, на бината ќе бидат само неколку врвни уметници од Македонија, меѓу кои и Игор Дурловски“, рече тој.

Темелков посочи дека протестите ќе траат се додека не се усвојат барањата, а тоа е правично судење и слобода за уставобранителите

„Поентата е што ние не планираме да застанеме со овој протест.  Ако нашите барања не се усвојат, ние ќе продолжиме и понатаму. Ние имаме актуелни барања, од опозицијата, од Владата, од сите кои имаат сила да направат некои промени и да ја донсеат правдата. Ако нашите барања не наидат на реакција кај владата ние пак ќе се вратиме. Дали тоа ќе биде за една недела, за месец дена, година, ние не се враќаме назад се додека не ги видиме браќата на слобода“, подвлече Темелков.

Вонредното издание на Тешки муабети можете да го проследите ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This