(Видео) ТЕШKA БOPБА: Заев се бopeше со српските падежи по улиците на Нови Сад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на српската влада Ана Брнабиќ синоќа по вечерата прошетааа низ Нови Сад со гостите Еди Рама и Зоран Заев.

Прошетката е засведочена на Инстаграм профилот на српскиот претседател.

Премиерот Зоран Заев повторно влезе во ринг со српскиот јазик. Иако многупати досега се докажал како послаб во нерамноправната борба со падежите, исто така покажува и дека е доста упорен, па ако се водиме од онаа дека на крајот победува упорниот, ништо чудно Заев да ги победи српските падежи. Па и да ги укине.

Уживајте 🙂

За мене значи унапредување на нашата соработка, уште повеќе, колку што е можно тоа, затоа што нашите граѓани го очекуваат тоа од нас. Ова заедништво што го презентираме денес овде во Нови САд е она што треба сите да го направиме, зашто ги претставуваме нашите граѓани и политичари, бизнисмени, работници. Мораме да ја унапредиме колку што е можно повеќе соработката зашто постои огромен капацитет пред нас, кој, за жал, досега не е искористен, рече премиерот Зоран Заев за значењето на средбата на лидерите во Нови Сад.

Заев и Рама допатуваа во Белград, односно Нови Сад на иницијатива на српскиот претседател, а денеска ќе биде одржан трилатеранен состанок чијашто главна тема ќе биде предлогот на Вучиќ за воспоставување „мал Шенген“.

 

Целта на овој предлог е подобро поврзување на пазарите во регионот и отстранување на бариерите во стопанисувањето и обезбедување послободен проток на стоки, луѓе, услуги и капитал на пазар од 20 милиони луѓе. Досегашните искуства говорат дека камиони со стока на граничните премини на земјите во регионот чекаат подолго од 20 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This