April 23, 2024, 11:45 am

(Видео) ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА ВЛЕЗЕ ВО СОБРАНИЕТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да ги отстраниме дилемите околу заедничката Декларација на албанските политички партии, јас сум поринуден да ја прочитам Декларацијата која е потпишана од албанските политички партии. Ова е програма и платформа на албанските политички партии, рече од собраниската говорница пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими. Аљими во име на новото парламентарно мнозинство ја изнесе Тиранската платформа на собраниска говорница.

Аљими во име на новото парламентарно мнозинство ја изнесе Тиранската платформа на собраниска говорница. Првата точка, како што рече Аљими е постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот.

– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година, рече Аљими .

Тој рече дека платформата предвидува постигнување економска рамноправност и општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој.

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. Создавање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции, изјави пратеникот на ДУИ.

Аљими рече и дека платофрмата предвидува целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

-Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес. Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди. Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган, рече Аљими .

Тој рече дека во платформата има точка за создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

– Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво. Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи, рече Аљими .

Од Собраниската говорница беше посочено дека платформата содржи и еешавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право.

– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, рече Аљими.

Во делот на добри односи со соседите, Аљими изјави:

– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија. Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување. Отворање на нови гранични премини.

Брза интеграција во НАТО и во Европската унија беше последната точка од платформата која Халими ја прочита пред пратениците.

-Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, заклучи Аљими .

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This