(Видео) ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Со Бадникови огнови во Скопје одбележан големиот христијански празник Бадник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес е Бадник, денот пред Христовот раѓање. Традиционално Христијаните Бадник го одбележуваат на 6ти јануари. На овој ден завршуваат божиќните пости, а со бадникова вечера во кругот на семејството на која се крши погача со паричка.

Покрај традиционалната семејна вечера, скопјани на Бадник исто така се собираат и со соседите и заеднички палат Бадников оган. И овде исто така се крши погача со паричка, а оној кому што ќе му се падне паричката е кум и домаќин на одбележувањето на следниот Бадник. Неретко на овие собири има и музика, а граѓаните знаат и да се расположат и да заиграат.

Редакцијата на Инфомакс, вечерва посети неколку локации во градот каде што беше одбележан празникот.

Традицијата годинава ја продолжи општина Центар. Разговаравме со градоначалникот на Општина, Богдановиќ, кој изјави дека целта на собирањето е дружење пред големиот христијански празник, Божиќ, но и меѓусебна поддршка.

Оган се палеше и во Кисела Вода. Градоначалникот кој беше присутен на настанот упати честитка до граѓаните за празниците.

Во Припор, покрај огнот имаше и богата трпеза со традиционални македонски специјалитети. Оган се палеше и во Расадник и Пржино.

Бадникови огнови низ Скопје

Каква традиција имаат скопјани за Бадник, и зошто се палат огнови…

Posted by infomax.mk on Monday, January 6, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This