April 25, 2024, 12:09 am

(Видео) Трамп дециден: Никогаш нема да се предaдеме, убедливо победивме и ќе ја запреме крaжбата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илјадници приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа денеска во Вашингтон на протест пред седницата на Конгресот.

По тој повод пред насобраните се обрати и натаму актуелниот претседател на САД, кој рече дека демократите ги наместеле изборите како никогаш досега.

„Тие ги лажираа изборите како никогаш претходно, а и синоќа добро одработија. Никогаш нема да се предадеме и повеќе нема да го толерираме ова! Ќе ја запреме кражбата! Убедливо победивме”, рече Трамп.

Вкупно 535 членови на Конгресот, од Сенатот и Претставничкиот дом, ја ќе ја започнат седницата во еден часот попладне по локално време. Со седницата ќе претседава актуелниот потпретседател на државата и претседател на Сенатот, Мајк Пенс.

Ова е една од последните процедури за проверка на резултатот од изборниот процес во Соединетите држави, пропишана со американскиот Устав.

Според резултатите од Изборниот колеџ, кои беа усвоени од тоа тело на 14 декември, беше потврдена изборната победа на демократскиот кандидат Џозеф Бајден над републиканскиот кандидат и актуелен претседател Доналд Трамп.

Врз основа на тие резултати, новоизбраниот претседател Бајден освои 306 изборни гласови наспроти 232 на Трамп, објави „Гласот на Америка“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This